fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Наместо голем настан одбележувањето на Светскиот  ден на пчелите се пресели на социјалните мрежи

 Денес, на светскиот ден на пчелата да се потсетиме на зборовите на Атиџе Муратова од документарен филм „Медена Земја“, за еднаква поделба и одржливо искористување на природните ресурси: „пола за мене, пола за пчелите“.

 

Корона кризата и мерките за претпазливост се главната причина што денес не се одржа планираниот голем настан од страна на Сојузот на пчелари на Македонија. И покрај тоа ќе продолжат заложбите за заштита на пчелите и развојот на пчеларството велат од овој Сојуз.

-Како да ги сочуваме пчелите? Подигнување на јавната свест за улогата на пчелите  во зголемувањето на приходите во земјоделието и воопшто во пчеларството како и во заштитата на животната средина е од големо значење. Заради кризата не можевме да го одржиме планираниот настан посветен на Светскиот ден на пчелите, но ќе продолжиме со нашите заложби за развој на пчеларството.  На оваа тема секој треба да размислува оти пчелите  се најважни не само во опрашувањето на растенијата туку и во производството на храна.  Не треба да се заборави нивната улога ниту во овие услови на корона  криза. Апелираме на поголемо консумирање на пчелините производи бидејќи тие значително влијаат во подигнувањето на имунитетот кај луѓето. Имунитетот е многу важен во борбата против болестите, затоа медот и останатите пчелни производи треба да бидат дел од секојдневната храна не само сега во оваа криза туку треба да се земаат континуирано, вели за Зелена берза Менде Трајковски претседател на Сојузот на пчелари на Македонија.

Каква ќе биде оваа година пчеларите уште не може да оценат. Месеците март и април многу ветуваа но сушниот мај малку ги загрижи. Дури во месец август ќе знаеме каква е годината, се надеваме, вели Трајковски. Покрај временските услови затворањето на границите како последица на КОВИД 19 е друга причина.

-Кризата се чувствува и во пчеларството. Границите се затворени, а голем број од препаратите ги набавуваме од странство. Исто така и останата опрема потребна во пчеларењето. Тешко се снаоѓаме, како ќе биде со родот ќе видиме дури во месец август, појаснува Трајковски.

Настани  на отворено не се одржуваат но затоа одбележувањето на Светскиот ден на пчелите се пресели на социјалните мрежи.

Слоу Фуд  повикува на промовирање на солидарност заедно со пчелите!

-Преку хаштагот – #BeeFriend – помогнете ни да ја подигнеме јавната свест за важноста на заштитата на пчелите и другите опрашувачи.

Ве замолуваме да ни помогнете да ја потпишете и споделите петицијата со потписи до Европската комисија (ЕК) #SaveBeesandFarmers. Ако собереме најмалку еден милион потписи, ЕК е должна да одговори на нашите барања.
Линк до петицијата: bit.ly/3dUOHna.  Петицијата е достапна на граѓаните од земјите на ЕУ, се вели во ФБ  објавата на оваа организација .

Денес, на светскиот ден на пчелата да се потсетиме на зборовите на Атиџе Муратова од документарниот филм „Медена Земја“, за еднаква поделба и одржливо искористување на природните ресурси: „пола за мене, пола за пчелите“.

П.Јовановска

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close