fbpx
ВестиТоп вести

Намалувањето на сточниот фонд се одрзаува и на работтата на сточниот пазар во Кривогаштани

Сточниот  пазар во Кривогаштани  ја докажа оправданоста од неговата изградба. Секоја среда на овој пазар  доаѓаат купувачи и продавачи на стока од цела Македонија. Надлежноста околу работењето на пазарот му е доверена на ЈП „Пелагонија“ општина Кривогаштани.

Овој е еден од најголемите  пазари за добиток во земјава. Има капацитет за продажба на крупна и ситна стока како и живина. Изграден е по сите европски стандарди и располага со 37 боксови  за крупна стока со капацитет од 170 грла и тоа крупна стока или 240 телиња. Исто така располага и со 20 бокса со капацитет од 200 грла овци и 20 бокса со капацитет од грла свињи.

-Во пазарот има раздвиженост, се продава и се купува стока, но за жал намалувањето на сточниот фонд во земјава  се чувствува и овде. Ако некогаш имаше  дневна продажба од 200 – 300 грла, сега таа бројка е значително намалена и се движи од 50 – 100 грла. Иселувањето на младите од државата можеби е една од најголемите причини за намалување на сточниот фонд. Младите барајќи подобри услови за живот заминуваат и нема кој да ја гледа стоката. Затоа почесто се продава отколку што се купува стока- вели ново назначениот директор на ЈП „Пелагонија“  Горан Голески. Најмногу се продава крупна стока, крави и телиња, прасиња, овци, додава Голески.

Пазарот функционира според правилници за работа која ја организираат 20 вработени лица. Секое животно кое се носи за продажба на пазарот мора да има ушна маркица, пасош за идентификација и уверение од надлежно ветеринарно  друштво.

ЈП „Пелагонија“ покрај за функционирањето на сточниот пазар се грижи и за зелениот  пазар. Пазарот има доволно голем капацитет и број на тезги кои  ги задоволуваат потребите на продавачите и купувачите.

Директорот Голески вели дека ќе продолжат и понатаму да преземаат активности кои ќе ја подобрат услугата на пазарот, така што ќе бидат задоволни и купувачите и продавачите. Оптимист е и изрази надеж ќе се подобри состојбата со сточниот фонд во земјата и дека на овој простор ќе може да се реализираат и саеми на крупен и ситен добиток. Исто така оптимист и за изградбата на кланица која ќе функционира во состав на сточниот пазар.

 

П.Јовановска

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close