
Серафимовски ги соопшти цените на грозјето -21,8 денари за килограм вранец и 20 денари за килограм смедеревка
Министерот Серафимовски во Кавадарци
Министерот Борче Серафимовски ги соопшти новите цени на грозјето. – Од Кавадаречко денеска ја соопштив откупната цена на винското грозје: 21,8 денари за килограм вранец и 20 денари за килограм смедеревка. 
Зад секој килограм грозје стојат труд, знаење и вложувања во текот на целата година, поради тоа цените се утврдени врз основа на реалните трошоци на лозарите и законски предвиденото зголемување од 25 отсто.
Обезбедуваме фер, транспарентен и предвидлив процес, во кој трудот и вложувањата на лозарите се соодветно вреднувани.
Пресметката е изработена од Земјоделскиот институт – Скопје, врз основа на теренски истражувања и анализа на трошоците на репрезентативен примерок на лозарски стопанства.
Како министер, една од моите цели е домашното лозарство и винарската индустрија да имаат стабилни услови и поддршка за понатамошен одржлив и конкурентен развој.




