fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиВиноМакедонијаТоп вести

Наместо вино – шеќер и вода, пронајдени три македонски лажни вина на хрватскиот пазар

Земјоделската инспекција на Државниот инспекторат на Р. Хрватска, согласно годишната програма за работа за оваа година, извршила инспекциски надзор на квалитетот на виното и другите категории на лозови производи со и без заштитени ознаки на потекло и заштитени ознаки од географско потекло

Земјоделската инспекција на Државниот инспекторат на Р. Хрватска, согласно годишната програма за работа за оваа година, извршила инспекциски надзор на квалитетот на виното и другите категории на лозови производи со и без заштитени ознаки на потекло и заштитени ознаки од географско потекло.

Наместо вино – шеќер и вода. Ова е резултатот од анализата на виното што ја направила земјоделската инспекција на хрватскиот Државен инспекторат, која открила дури седум фалсификати меѓу вината на пазарот! Меѓу нив, четири вина се од Косово, две од Хрватска и едно од Босна и Херцеговина.

Како што потврдиле за РТЛ, земјоделската инспекција на Државниот инспекторат, согласно годишната програма за работа за оваа година, извршила инспекциски надзор на квалитетот на виното и другите категории на лозови производи со и без заштитени ознаки на потекло и заштитени ознаки од географско потекло.

„Досега се извршени 84 инспекции при кои се земени мостри од 84 вина со потекло од Хрватска, други земји членки на ЕУ и трети земји, од кои 14 официјални примероци на вино се анализирани за стабилни изотопи за да се докаже фалсификување. Станува збор за четири вина со потекло од Хрватска, едно од ЕУ (Италија) и девет од трети земји, и тоа пет од Република Косово, три од Република Македонија и едно од Босна и Херцеговина“, велат од Државниот инспекторат за РТЛ.https://24info.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close