Целосна поддршка на акцијата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за ставање ред во агросекторот

(Oвој напис е објавен на: February 21, 2018)

mladi

Групацијата на мелничко-пекарската индустрија при Стопанската комора на Македонија и Асоцијацијата на земјоделци, ја поздравуваат и ја охрабруваат акцијата, како и напорот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и ресорниот министер, Љупчо Николовски, за забрана на 96 решенија за пуштање во употреба на ѓубрива кои не ги исполнуваат условите, односно потребните спецификации за понатамошна употреба.

Крајно време е да се преземат ригорозни контроли во делот на семенскиот материјал и ѓубривата. Неквалитетот во последните седум години доведе до уништување на производството на земјоделските производи,  и во количина и во квалитет.

Од ваквите измами оштетени беа земјоделците, мелничко-пекарската индустрија и сточарството како гранка, а најмногу државата, со што се предизвика непотребно зголемен увоз и одлив на девизи од државата.

Групацијата на мелничко-пекарската индустрија при Стопанската комора на Македонија и Асоцијацијата на земјоделци, за контролите даваат целосна поддршка и истите му стојат на располагање на министерот Николовски во борбата за подобрување на македонското земјоделско производство и индиректно, за подобрување на условите на сите директни и индиректни индустрии кои се поврзани со агросекторот во Република Македонија.


 

фактор.мк