Нанос од песок на патот Валандово – село Удово, сообраќајот се одвива отежнато
Ноќеска од 03:15 часот на регионалниот пат Валандово – село Удово, пред село Јосифово на Калковска Река има нанос од песок и сообраќајот се одвива отежнато, соопшти утрово Автомотосојузот на Македонија.

Сообраќајот на државните патишта се одвивa непречено, по влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.