Вести
„Напредни лозари“ го мониторира откупот на грозјето, поголеми проблеми нема
Здружението „Напредни лозари“ со свои претставници го мониторира откупот на грозје во Тиквешијата и засега нема поголеми проблеми, вели Трајче Кулев, претседател на здружението.
– Нашите луѓе наизменично ротираат со набљудување по откупните пунктови и до овој момент нема пријавени неправилности при откупот на грозје, со мали исклучоци. Имаше еден случај кога на откупна вага не се почитувало договореното во однос на плаќањето според шеќерноста, па побаравме инспекциска интервенција и овој изолиран проблем беше надминат, појаснува Кулев.
Тој изразува надеж дека и до крајот на гроздоберската сезона во најголемиот лозаровинарски регион во државата, ќе нема поголеми проблеми, кога е во прашање откупот на годинешниот род од лозјата.