fbpx
Вести

Наши винари учат искуства од винарниците во Алзас

nashi vinari uchat iskustva od vinarnicite vo alzas

Македонска тринаесетчлена делегација на претставници на локалните власти и експерти во енологија до сабота престојува во францускиот регион Алзас во студиска посета посветена на винската индустрија. Посетата е поддржана од Програмата за развој на ОН (УНДП) за Македонија и целта е да ги запознае македонските претставници со организацијата на винската индустрија, винскиот пат Алзас и нивната поврзаност со туризмот, јави дописникот на МИА.

За време на посетата предвидени се серија средби со професионалци од винската индустрија, како Меѓупрофесионалниот комитет на вината на Алзас, училиштето специјализирано за лозарство и производство на вино од Руфах, посети на винарници, организации на винопроизводители и љубители на виното итн. Дел од посетата ќе биде посветен и на туристичката понуда во Алзас, како Агенцијата за развој на туризмот и Туристичкото биро на Оберне и економскиот развој (Агенцијата за развој на Алзас). Средбите ќе треба да им помогнат на македонските експерти подобро да се запознаат со начинот на кој е организирањето и функционирањето на оваа област во Алзас. За време на посетата ќе бидат посетени и Департманскиот совет на Горна Рајна, Советот на Европа и Европскиот суд за човекови права.

Домаќин на македонската делегација е асоцијацијата Алзас – Македонија (АЛМА), со која претседава Жак Шлеф, со поддршка на постојаната мисија на Република Македонија при Советот на Европа, која за делегацијата ќе приреди прием.

Асоцијацијата АЛМА од пред неколку години е вклучена во акции на културна и спортска соработка и добротворни акции, а сега се посветува и на развојот на економската соработка меѓу Македонија и Алзас.

Аеродромот во Алзас, Базел – Мулуз, секојдневно е поврзан со Скопје или со Охрид што придонесува да се промовира размената на сите полиња меѓу Источниот регион на Франција, поточно областа Алзас и Република Македонија.

Тагови

Слични написи

7 Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button
Close