Нашиве политичари негуваат огромен презир кон земјоделецот
Коментар на Стевче Радевски-Зошто постојано би ги избирале и плаќале овие ајдуци?
Од сетне, само на будалите му текнувало
Пред дваесетина години, најголемиот број аграрни вишоци од САД завршија на пазарите во државите во Ј.Америка.Производите(пченица ,пченка,месо и млечни производи)влаегоа со дампинг цена и се продаваа под производната цена.Целта беше јасна:да се уништи домашното произвотство на државите од Ј.Америка и тие за неколку години да се направат увозно зависни.Така и би!
На почетокот, обичните граѓани беа импресионирани од ниските цени на увезените производи и не беа свесни што ги очекува.После неколку години,земјоделството во тие земји колабрираше и истите мораше да увезуват земјоделски производи ама сега, по економски и многу повисоки цени.
Дури тогаш на луѓето му текна за што се работи,арно ама,одпосле, само на будалите му текнувало.
Тоа ќе се случи и со актуелниот увоз на јаболка и на други земјоделски производи во Македонија.
Ќе се уништи домашното произвотство и после наместо за 10 денари истите тие јаболка намачкани со малку парафин ќе ги купуваат по 150 денари.
Ај што ќе останат непродадени овие јаболка од обичниве магацини,со увозот ќе падне и цената на јаболката од нашиве ладилници, а голем број производители инвестираа во комори, се задолжија кај банките, и сега:„од сите страни Ѓорѓи сардисан“.
Честопати,некој од младиве земјоделци знаејќи дека нема да ги излажам, ќе ме прашаа во што да инвестираат?Мојот совет беше секогаш инспириран од моето лично искуство и одприлика гласеше вака:„Немојте да се залетувате со нови инвестиции зошто незнаете со кого си имате работа.“
Нашиве политичари(леви или десни,сеедно)негуваат огромен презир кон земјоделецот и се ќе направат за тој да не биде богат,самостоен и независен.
Ним, не им требаат богати и среќни луѓе.Ним им требаат послушници и поданици.
За крај, би ја поставил дилемата:ако може да се увезуваат земјоделски производи кои,демек,биле поквалитетни од нашиве тогаш зошто да не се увезат и политичари од странство.Па и политичарите од странство ќе се поскромни и поспособни од нашиве.
Зошто постојано би ги избирале и плаќале овие ајдуци?