fbpx
ВестиТоп вести

Наскоро во Битола изложбен саем на традиционални производи

 

Здружението за едукација на земјоделци „Зелена берза“- Битола  на 24 октомври (четврток) 2019 г. ја организира манифестацијата „Незаменливиот вкус на традицијата“. Настанот  ќе се одржи во Хотел Премиер (Лавчански пат) со почеток од 11 часот.

Ќе бидат промовирани традиционални производи од локални производители – земјоделци,  кои произведуваат на традиционален начин како и храна зготвена  на  начин како што некогаш ја готвеле нашите прабаби.

На настанот е предвидено и предавање на тема:

„Како мојот производ  да добие сертификат за органско производство“.

Целта  е  манифестацијата  да стане  традиционална   и препознатлива при што ќе  се овозможи  поврзување помеѓу производителите и подготвувачите на традиционални производи, ќе се промовираат  традиционалните производи, а ќе се зголеми соработката  меѓу земјоделците и гастрономите. Со ваквиот начин на промоција ЗЕЗ „Зелена берза“ Битола  сака да го заштити традиционалниот начин на производство, да се заштити од заборав со потврдување на вредноста и тенденција да стане препознатлив бренд.

Традиционалната  македонска кујна, богата е со различни вкусови кои не се доволно промовирани и не се искористени максимално постоечките можности  за заштита од заборав, за продолжување на традицијата, но и за промоција во европски и светски рамки.

Во рамките на реализацијата на овој проект, патувајќи низ вкусовите на традицијата планирано е да се објави публикацијата  „Незаменливиот вкус на традицијата“ од каде младите генерации ќе добијат доволно информации со кои ќе бидат поттикнати да се занимаваат со земјоделство и традиционален начин на приготвување на различни  специјалитети .

Настанот е помогнат од Министерството за земјоделство  шумарство и водостопанство  преку Програмата за финансиска поддршка на руралниот  развој за 2019 година.

 

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close