fbpx
Вести

Наскоро започнуваат обуките за пчелари од неготинско

Пчеларите кои се пријавија на обуката  за одгледување на пчели, во петокот го  одржаа  првиот информативен состанок во просториите на  општина Неготино. Обуката која ќе се реализира  е во ракмите на проектот ,,Поддршка и развој на економијата на пчелните производи во прекуграничната област ,,Bee conomy“  што е ко-финансиран преку ИПА-ЦБЦ програмата  Алмопиа од Грција и Македонија.

naskoro zapochnuvaat obukite za pchelari od negotinsko

 

Обуките ќе ги одржуваат Мирољуб  Голубовски од факултетот за земјоделски науки и храна-лаборант за пчеларство, Бранко Соколов –професор и Хрисула Кипријаноска.

Пријавувањето на обуката започна  во јули и во првата група до сега имало пријавени  34 учесници а потоа избрани само 25 учесници,  колку биле и предвидени за првиот циклус од обуката.

Планирани се 70часа, теоретски и практични предавања. На обуката учествуваат и почетници и веќе обучени (искусни) пчелари.

Програма има за цел да го развие пчеларството и пчелните производи во поширокото локално подрачје во двете општини, бидејќи пчеларството е сектор кој дава бројни можности за бизнис.

Општина Неготино информира дека рокот за пријавување на 25 напредни пчелари кои веќе се занимаваат со пчелно производство е продолжен до 22-ри овој месец до кога сите заинтересирани ќе можат да се пријават во Одделението за локален економски развој.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close