Дождот добредојден за земјоделските посеви

(Oвој напис е објавен на: February 25, 2017)

Дождот што вчера наврна во велешко во последен момент e добредојден за земјоделските култури. Особено водата ќе влијае врз развојот на житните култури, пченицата, јачменот, пченката и градинарските култури. Првите проценки на агрономите инжинери се дека количината на врнежи само во вчерашниот ден изнесува 6 до 7 литри на метар квадратен и дека по долгата суша се добредојдени за сите земјоделски култури. Моментално јачменот е во период на класење и дождот ќе придонесе приносите да бидат поголеми.

liv1-630x289

Дождот позитивно влијае и врз развојот на пченицата која деновиве треба да почне да класи. Земјоделците велат дека овој дожд ќе им овозможи да извршат и прихранување како на житните така и на другите земјоделски култури. Од друга страна сметаат дека поради големата амплитуда во дваесет и четири часовните температури можна е појава на разни болести па затоа е потребно да се изврши прскање со хербициди и други хемиски препарати.

Доколку дождот продолжи да врне, во количини како во вчерашниот ден, како до крајот на овој така и до средината на наредниот месец тогаш земјоделците се надеваат на родна година со рекордни приноси како кај житариците така и кај другите култури.

Сепак агрономите инжинери предупредуваат на последиците од големата разлика на температурата во текот на денот, кога се искачува до 25 степени Целзиусови, наспроти ноќе кога паѓа до 4 за наутро да се искачи до 7 степени Целзиусови.

пченица

„Тоа е состојба на температурен стрес како за граѓаните така и за растенијата и дрвјата. И како што тешко ја поднесува човекот исто така таа влијае и на растенијата. За жал на овоштарниците најмалку може да им се помогне. Таму дождот единствено што прави е тоа што ја поттикнува бујната вегетација а тоа значи дека овоштарите мораат дополнително да третираат плевел поточно да го ништат со хемиски сретства,“ рече агроном инжинер Гоце Чушков.

Тој особено апелираше да се води сметка при третирањето со хемиски препарати на овоштарниците. За оваа земјоделска операција мора да се побара стручен совет бидејќи искуствата од последните години покажуваат дека погрешниот хемиски препарат ги уништува не само штетните туку и корисните инсекти како што се пчелите кои се природни опрашувачи на овошките.

 

Share Button