fbpx
ВестиТоп вести

Научниците немаат податоци за да работат на заштита од климатски промени

Експертската јавност воопшто не располага со податоци за да може да креираат соодветни стратегии за заштита на земјоделството од климатските промени, вели професорот Ордан Чакалиев од Земјоделскиот Факултет.

Министерот за земјоделство Трајан Димковски вели дека се преземаат повеќе мерки со цел ублажување на штетите настанати од климатските промени, а ќе се зголемат и парите за субвенционирање на осигурувањето на посевите и другите заштитни мерки што треба да ги инсталираат самите земјоделци за да си го заштитат родот.

Земјоделците, пак, велат дека прескапо е за нив да инсталираат заштита за посевите, а најзагрозени од климатските промени се грозјето, пченката, јаболките, доматите и пиперките.

Странските експерти советуваат дека заштитата мора да се одвива на две нивоа, државата да обештети доколку има потреба, но и земјоделците мора да преземат се што е потребно за претходно да го превенираат насадот.

извор: Сител

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close