fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Науката потврди: Оревите го продолжуваат животот

Оревите се единствениот растителен извор на омега-3 алфа-линоленска киселина, за којашто е докажано дека го поддржува здравјето на срцето и мозокот, како и здравите процеси на стареење.

За долг, здрав и активен живот, во кујната или при рака, секогаш треба да се има – ореви. Ново истражување на Факултетот за јавно здравје при американскиот Универзитет на Минесота, коешто опфаќа повеќегодишни испитувања, посочува дека луѓето кои редовно јадат јаткасти плодови, имаат поголема веројатност да бидат физички поактивни, како и помала опасност од срцеви заболувања во подоцнежната возраст.

– Изгледа дека оние што јадат јаткасти плодови имаат уникатен телесен фенотип што носи со себе други позитивни здравствено делотворни влијанија, како што е подобар квалитет на исхраната. Особено ако јадат јаткасти плодови уште од детството до средина на зрелоста, вели проф. д-р Лин М. Стивен.

Научниците веруваат дека тоа е поради хранливите состојки во јаткастите плодови и нивното влијание врз целокупното здравје. Тие следеле 3.023 мажи и жени, во распон од 20 години и го споредувале нивното здравје со начинот на исхрана.

Оревите се единствениот растителен извор на омега-3 алфа-линоленска киселина, за којашто е докажано дека го поддржува здравјето на срцето и мозокот, како и здравите процеси на стареење. Само една порција ореви (околу грст), има доволна низа хранливи материи корисни за целокупното човеково здравје. Тука, имено, се содржат четири грама протеини, два грама влакна и 45 милиграми магнезиум. Оревите исто така обезбедуваат бројни антиоксиданси, како што се и полифенолите.

Јадењето ореви е исто така поврзано и со губење на тежината – луѓето кои јадат ореви покажале значително пониски концентрации на гликоза во крвта од оние коишто не јадат такви јаткасти плодови.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close