fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Земјоделците добиваат можност за продолжување на договорите за закуп од 5 на 15 години

Наша главна цел е секоја педа обработлива земја да биде ставена во функција за производство на храна, вели Николовски

Наша главна цел е секоја педа обработлива земја да биде ставена во функција за производство на храна и во таа насока креираме значајни измени во законот за земјоделско земјиште.
✅Земјоделците добиваат можност за продолжување на договорите за закуп од 5 на 15 години, а закупнината останува иста според постојните договори
✅На овој начин даваме сигурност на земјоделците во нивниот развојот и можност да остврат право на мерките од ИПАРД програмата
✅Се подигнува максимумот од 10 ха на 30 ха за сите земјоделци кои на оглас имаат добиено земјоделско земјиште до 3 ха
✅Создадовме можност и напуштеното земјоделско земјиште во приватна сопственост да го ставиме во функција, односно со согласност на сопственикот државата во негово име преку јавен оглас да го даде под закуп, а за тоа сопственикот на земјиштето да добие 80% од закупнината, рече министерот Љупчо Николовски во телевизиско интервју.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close