
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Наутро студено, преку денот умерено до значително облачно
Среда попладне, во текот на ноќта и во четврток најпрвин во планинските региони ќе има повремени локални врнежи претежно од снег, а на повисоките места во западните делови од повремен дожд и снег.
Наутро студено, преку денот умерено до значително облачно. Попладне и кон крајот на денот претежно во западните и источните планински региони ќе има повремени локални врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Во Скопје, утрото студено, во текот на денот променливо облачно со кратки сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Среда попладне, во текот на ноќта и во четврток најпрвин во планинските региони ќе има повремени локални врнежи претежно од снег, а на повисоките места во западните делови од повремен дожд и снег. Локални врнежи од дожд, а на планините од снег повторно се очекуваат во недела.