Агро бизнисВестиТоп вести

Трипуновски на маса со млекарниците -Откупната цена на суровото млекото ќе биде стабилна и нема да има неоткупено млеко од страна на млекарниците

Ќе се засилат контролите на пазарот со фокус на безбедноста и квалитетот на млекото и млечните производи, како и на добиточната храна.

Министерот Цветан Трипуновски денеска оствари средба со претставниците на поголемите млекарници во државата, на која разговарале за стабилен откуп и цена на суровото млеко, покрај тоа што европскиот пазар и регионот се соочуваат со вишок на млеко.
-На средбата беше договорено дека откупната цена на суровото млекото ќе биде стабилна и нема да има неоткупено млеко од страна на млекарниците.
Ќе се засилат контролите на пазарот со фокус на безбедноста и квалитетот на млекото и млечните производи, како и на добиточната храна.
Министерството останува посветено на унапредување на млекопроизводството, објави министерот .

Поврзани новости

Back to top button