Горан Мекиќ од Белград во 1993 година се иселил во Израел.
Тој не ни сонувал дека животот ќе го однесе во Израел, ниту дека ќе се занимава со земјоделство.
Овој човек се смее и вели дека додека бил во Белград, не ни знаел како изгледа комбајн.
Тој живее на југозападот од земјата, на 4.5 км од Појасот Газа, пишува Agroklub.
Јојобата се користи во козметичката и фармацевтската индустрија, а има и многу лековити својства.
Маслото од јојоба има широка примена. Се користи за креми, парфеми, сапуни.
Мекиќ вели дека јојобата расте како дрво во висина до 2 метри, а плодот кој личи на маслинка, има 50% масло.
„Билката не бара многу вложувања и наводнувања што е за производство во нашите агроеколошки услови многу важно“, вели тој.
Израел е водечка земја за производство на јојоба денес во светот.
Јојобата успева и во сушни делови каде и по 6 месеци нема дожд.
Сепак, Мекиќ вели дека ако се наводнува билката, тогаш има подобри шанси за побогат род.
Плодовите паѓаат при крајот на летото, а се собираат со помош на машина.