Протест на унгарски сточари во центарот на Будимпешта

(Oвој напис е објавен на: February 25, 2017)

Неколку десетци унгарски сточари се собраа на протест во центарот на Будимешта, каде доведоа и 50-тина крави.

protest na ungarski stochari vo centarot na budimpeshta

 

Протестот на сточариите започна на мостот „Маргерт“ во близина на унгарскиот Парламент, од каде демонстрантите се упатија кон канцеларијата на премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, каде предадоа петиција со своите барања.

Сточарите бараат од Владата намалување на данокот на додадена вредност на пет проценти за сите млечни производи, а не само за свежото млеко.

Според лидерот на здружението на сточарите, Имре Хегедус, намалувањето на ДДВ-то ќе придонесе за спречување на измамите со плаќањето данокот и ќе се зајакне позицијата на унгарските земјоделци на домашниот пазар.

Слични протести унгарските сточари одржаа и на почетокот на овој месец.