fbpx
Вести

He ce користи потенцијалот за производство на органска храна

ne se koristi potencijalot za proizvodstvo na organska hrana

Во Македонија постои интерес кај земјоделците да поминат од конвенционално во органско производство, но иако се зголемува производството на ваков вид храна се уште е мал бројот на земјоделците што продуцираат органски производи. Според податоците од Државниот завод за статистика (ДЗС), во 2015 година, само 2.632 хектари односно 0,51отсто од обработливата земјоделска површина во Македонија беа сертифицирани како површини под органско земјоделство.

– И покрај стопирањето на негативниот тренд, ваквото придвижување е сепак далеку од исполнувањето на целта поставена со Националната стратегија за органско производство, 2 отсто од вкупната обработлива површина да биде под органско производство се вели во извештајот на ДЗС.

Ѓорги Хаџи Котаров од здружението на органски производители „Органо-логистик” нагласува дека има турбуленции во органското земјоделско производство. Според него, порано имало повеќе ситни производители, a сега yнивниот број е помал, но тие ce ceриозно посветени на производството на органска храна.

– Органското производство може да биде перспективата на македонското земјоделство бидејќи интерес за овој тип производи има и на домашниот пазар, но и на странските пазари. Меѓутоа се уште имаме многу мали количества и не можеме да одговориме на нивните барања. Најпрво треба да се насочиме кон покривање на потребите на домашниот пазар, па потоа ако ни остане да мислиме на извоз, бидејќи ние не можеме ни еден отсто од побарувањата од странските пазари да извеземе истакна Хаџи Котаров.

Тој вели дека Македонија има потенцијал за извоз бидејќи нуди висок квалитет за органски земјоделски производи. Според производителите не е тешко да се исполнат барањата за сертификација за органски производи, едноставно не треба да се употребува хемија, ниту вештачки ѓубрива, потребна е повеќе рачна работа бидејќи при плевење и копање не може да се користи многу механизација.

Како што вели Хаџи Котаров, побарувачката за ваков вид храна од потрошувачите е зголемена, но се уште е ниска свеста на Македонците за употреба на органски земјоделски производи.

Љупче Станковски, претседател на земјоделското здружение „Агрофаланга” вели дека доказ за зголемените органски земјоделски производи се отворањето на се поголем број трговски објекти за здрава храна.

Тоа е неоспорно и како статистичка бројка и како квантум на продадени производи во нив. Но, друго е кога ќе се запрашаме каква е структурата на продадените производи и нивното потекло, т.е. колкав процент од нив се од нашето поднебје, автохтони истакнува Станковски.

Тој смета дека многумина од македонските граѓани не знаат каде да купат органски домати, органската пченица, сирење, тикви, суви сливи или кој било македонски органски производ.

– Во Македонија постои органско производство, но нема никаков маркетинг менаџмент за негова понуда и продажба. Ако некој странски дистрибутер би посакал да откупува македонски органски домати, тој лично би морал да воспоставува контакти со секој производител посебно, бидејќи се расцепкани низ целата територија на државата, па потоа да собира податоци за сортите што ги посадиле, количествата што ги очекуваат, времето во кое тие ќе бидат достапни за откуп, регионот во кој се наоѓаат, договарање за транспортот до одредена средишна точка за преземање, потоа гарантирање на квалитетот, и на крајот договарање за цената со секој производител посебно појаснува Станковски.

Тој потврдува дека македонските земјоделци можат да произведат квалитетна органска храна и да профитираат од тоа, бидејќи нашите земјоделски површини не се загадени со претерано третирање, со пестициди, инсектициди и хербициди.

– Посебно се погодни необработените земјоделски површини во нашите замрени села, каде што со зголемената цена на органскиот производ би се компензирала нерентабилноста на тие мали расцепкани земјоделски површини. Прашањето е зошто покрај се органското производство не е зголемено драстично? Првото е непостоење на единствен маркетинг менаџмент за македонско органско производство, кој би имал цел да врши регистрација на производителите, координација на производството, усогласеност и цврста контрола на квалитетот на производите (битно за откупувачите), усогласување на цените, и на крајот организирање на транспортот до купувачите. Без ваква организираност, органските производи се продаваат по исти цени како стандардните земјоделски производи вели Станковски.

Тој додава дека има голем број земјоделци што се префрлиле на органско производство без да размислуваат за пласманот или воопшто побарувачката на таквите производи. Оние што веќе го изоделе трнливиот пат за стекнување на сертификатот, увиделе дека ситуацијата не е толку едноставна и дека за вистинска промена е потребно окрупнување, организирање и добро разработена стратегија.

Тагови

Слични написи

903 Comments

  1. ¿Qué debo hacer si tengo dudas sobre mi pareja, como monitorear el teléfono móvil de la pareja? Con la popularidad de los teléfonos inteligentes, ahora existen formas más convenientes. A través del software de monitoreo de teléfonos móviles, puede tomar fotografías, monitorear, grabar, tomar capturas de pantalla en tiempo real, voz en tiempo real y ver pantallas de teléfonos móviles de forma remota.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button
Close