fbpx
ВестиСовети

Седум лековити растенија кои можете да ги одгледувате сами

 

Зошто да одите во аптека, кога можете да најдете се што ви е потребно во сопствената бавча?

Народната медицина, длабоко е вкоренета во традицијата на нродот од овие простори, но брзиот начин на живот, довел до тоа што побрзо избираме таблета, која можеме да ја испиеме веднаш, наместо да подготвиме чај или тинктури од лековити билки, за кои сепак е потребно време, Сепак, потребата за природата е се поголема. Modern farmer, токму затоа претставува седум сигурни растенија, коидолгосеупотребуваатвомедицинскицели, сонапомена, сепаксекогаш пред употреба да се консултирате со познавачите н растенијата или лекарите.

Ехинацеа

Echincaeapurpureaи Echincaeaangustifolia

Била позната по своите декоративни својства, а посебно оние во врска со зајакнувањето на имунитетот. Само коренот има лековито својство, затоа ќе морате да го ископате, за да го употребите за чај или тинктура. Ехинацеата може да се сее или сади, сака сончев простор и може да порасне до 60 сантиметри.

Христов венец

Passiflora incarnate

Додека цветовите на ова растение се преубави за гледање, листовите се тие кои имаат лековито дејство. Делуваат како благ седатив, но и афродизијак. Се берат во пролет, лето или есен. Исто така, се користи за чаеви и тинктури. Сака сонце, може да се сее или сади, а нараснува дури и до шест метри.

Снежна топка

Viburnum opulus

Ова грмушесто растение се нарекува уште и снежна топка или џул ружа. Нејзината кора се користи за ублажување на менструални грчеви. Во рана пролет, кога се појавуваат растителните сокови, непосредно пред листањето, кората лесно се лушти со мали гранки. Се користи за подготовка на тинктура. Ова растение сака сончеви предели, а израстува од два до три метри.

Кантарион

Hypericumperforatum

Овие убави, жолти цветови, наменети им се на оние кои се во блага депресија или имаат друг вид пореметување на расположението. Секако, постојат и многу други благотворни дејства на ова растение. Цветовите се берат во лето, за чај и тинктура. И кантарионот може да се сее или сади, а нарастува до 60 сантиметри.

Гинко

Gingko biloba

Ова азиско дрво има долга традиција во кинеската медицина. Се користи во различни случаи, од глауком до болести на срцето. Денес, во Европа посебно се користи во подобрувањето на функцијата на мозокот, поточно меморијата. Листот се бери во текот на летото, а се користи за правење тинктура. Се развива од садница, на сончев терен, а може да порасне и до 15 метри.

Бозел

Sambucusnigra

Цветот, како и плодот на ова грмушесто растение се користи кога сме преладени, имаме грип, но и кај бронхитис и кашлица. Цветот се бери во текот на пролетта, а плодот во текот на доцното лето. Може да се користи за чај, тинктура, но и како сируп, со мед, ѓумбир и цимет. Подрачјето на кое се одгледува треба да биде во полусенка, а растението ќе порасне од три до четири метри.

Римска камилица

Matricariarecutita

Камилицата се гористи за се – од преладеност, стомачни проблеми, до анксиозност и несоница. Цветовите се користат за подготовка на чај, а се берат во лето. Камилицата се сее на сончев терен и достигнува висина околу 45 сантиметри.

 

Зелена берза

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close