fbpx
Вести

Неделава ќе пристигнат сите 250.000 вакцини против јазлеста кожа

Неделава се очекува да пристигнат сите 250.000 вакцини за заштита на говедата од болеста јазлеста кожа, информираат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

nedelava kje pristignat site 250 000 vakcini protiv jazlesta kozha

 

За справување со оваа болест кај говедата, досега се добиени 50.000 вакцини, помош од Европската комисија со кои беа вакцинирани 80 отсто од говедата кои беа заболени.

„Министерството нарача 250.000 вакцини, но се појави проблем околу увозот на вакцините кој наскоро ќе биде решен. Идната недела треба да пристигнат вакцините, со што ќе биде смирена оваа заразна болест кај говедата“, посочуваат од МЗШВ.

Кон крајот на мај од Агенцијата за храна и ветеринарство соопштија дека се обезбедени 50 илјади дози за итна вакцинација на добитокот во 19 општини во источна и југоисточна Македонија.

Со вакцинацијата беа опфатени: Демир Капија, Штип, Василево, Радовиш, Босилово, Делчево, Виница, Пехчево, Берово, Ново Село, Струмица, Валандово, Дојран, Македонска Каменица, Гевгелија, Кратово, Конче, Зрновци и Богданци. Обезбедената количина вакцини беше доволна да се покрие целата популација говеда во гореспоменатите региони и општини каде што е присутна болеста јазлеста кожа.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close