fbpx
Вести

Нега на сончогледот во текот на вегетацијата

Со цел поттикнување на високи и стабилни приноси на сончогледот, експертите им препорачуваат на производителите примена на соодветни мерки за правилна нега, а најчесто применувани се: разбивање на покорицата, меѓуредно култивирање, валање, наводнување, уништување на плевелот, како и заштита од болести и штетници.

Со цел поттикнување на високи и стабилни приноси на сончогледот, експертите им препорачуваат на производителите примена на одредени мерки за нега. Како што објаснува советникот Снежана Стојковиќ – Јетиќ, најчесто се применуваат: разбивање на покорицата, меѓуредно култивирање, валање, наводнување, уништување на плевелот, како и заштита од болести и штетници.

Меѓуредна култивација, 2-3 пати по потреба

Валањето се препорачува доколку сеидбата е извршена на суво земјиште, со цел воспоставување на подобар контакт помеѓу семето и влагата во земјата. Поради силните дождови, доколку после сеидбата се формира кора, тогаш се советува разбивање на кората со примена на лесни дрљачи, со цел да се овозможи непречено никнување. Меѓуредната култивација потребно е да се изврши 2-3 пати. Со примена на оваа мерка, се врши и проретчување на културите на финален проред. Доцна проредените растенија формираат потенко стебло и помала глава.

Ако нема доволно влажност – се надоместува со залевање

Културите на сончогледот се наводнуваат во фазите на интензивен раст и цветање. Доколку во земјиштето нема доволно влажност, таа се надоместува со залевање во текот на вегетацијата.

Примената на вештачки дожд поволно влијае на развојот на одредени паразити, како што се Septoria helianthi и Puccinia helianthi, а истиот доведува и до апсолутно опаѓање на ситната семена маса.

Механичко и хемиско сузбивање на плевелите

Плевелите можат да се сузбијат механички, но и со примена на хербициди:

  • со инкорпорирање пред сеидба
  • после сеидба, при никнување
  • во развојната фаза 2-4 листа

Најзначајни болести на сончогледот се пламеницата, рѓата, сивата трулеж (sclerotinia), Фомопсисот и други. Борбата против овие болести се врши со примена на плодоред или соодветни фунгициди.

За културите на сончогледот, исто така се штетни и телените црви и совицата, кои се сузбиваат со примена на земјишни инсектициди со инкорпорација.

Прихранувањето се врши со азотно ѓубриво во почетните фази на развој, односно со првото култивирање, кога растенијата имаат 6-8 лисја. Прихранувањето треба да се изврши со депозитор на култиваторот, а доколку се нема депозитор истото може да се изврши со ѓубрерастурач, но само при суво време, односно да нема роса на лисјата на растенијата. За уништување на плевелите и уништување на покорицата се вршат 1-2 култивирања на длабина од 6 -10 см.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close