fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Неизвесен пласманот на струмичката ајварка

Според Ристо Велков од Сојузот синдикат на земјоделски производители, пласманот на вториот турнус од градинарското производство е многу важен бидејќи токму од него зависи следната производствена година.

Земјоделците од струмичко стравуваат за пласманот на црвената индустриска пиперка. Велат, за кратко бербата на познатата ајварка треба да започне, а тие немаат никакви информации како ќе тече нејзиниот откуп. Иако очекувале, до сега никој од надлежните не ги контактирал и затоа бараат средба со претставници од преработувачките капацитети, но и од ресорното министерство за да договорат како ќе се одвива пласманот на оваа култура.

Според Ристо Велков од Сојузот синдикат на земјоделски производители, пласманот на вториот турнус од градинарското производство е многу важен бидејќи токму од него зависи следната производствена година.

Од Македонската асоцијација на преработувачи велат дека во моментов е беспредметно да се прават состаноци бидејќи тие веќе биле реализирани уште во март. Уверуваат дека договореното со кооперантите ќе се испочитува, а останатото ќе зависи од состојбата на слободниот пазар. Од таму додаваат дека моменталната состојба и поскапувањата сериозно ќе се одразат и на нивните извозни аранжмани бидејќи неизвесно е дали странските купувачи ќе се согласат на нови повисоки цени.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close