Прва форумска сесија во рамките на проектот „Зајакнување  на општинските совети “ во општина Могила

(Oвој напис е објавен на: June 10, 2019)

Локалната самоуправа – Могила во соработка со УНДП и Швајцарската агенција за развој и соработка, а во рамките на проектот „Зајакнување на општинските совети“ , ја одржа првата форумска сесија.

На  сесијата  покрај претставници од локалната самоуправа присуствуваа и претставници од Месни заедници, невладини организации, млади лица, лица со попреченост и други лица кои може активно да се вклучат  во донесување на одлуки кои на крајот од форумот ќе се преточат во проект. Со реализацијата на проектот ќе треба да се овозможи  решавање на проблеми во областа на социјалната инклузија.

-Ова е првата од предвидените 5 сесии во рамки на овој проект. Првите две сесии предвидени се за овој месец, а останатите ќе продолжат да се одржуваат од месец  септември. На располагање имаме фонд од 50 000евра. Граѓаните ќе ја донесат одлуката кој проект ќе биде финансиран од УНД и Швајцарската агенција за развој и соработка. Граѓаните ќе дискутираат за проблемите во областа  на социјалната инклузија, за ранливите категории на лица, социјалната заштита , младите жени и еднаквите можности итн. , изјави Јасмина Гулевска, градоначалник на општина Могила.

Општина Могила е една од ретките општини која аплицираше во УНДП и ќе добие финансиска помош со која ќе се реши одреден проблем со кој се соочува населението во општината.

-Ја имавме таа чест  да бидеме една од трите општини, Кавадарци, Кочани, Могила, која доби средства од  Швајцарската агенција за развој и соработка. Сите советници во општинскиот совет имаа обврска да поминат на претходни семинари. Имаме поминато 8, а ни остануваат до крајот да п0минеме уште 5-6 семинари, изјави Александар  Јанкуловски , претседател на Советот на општина Могила.

Од дискусиите на присутните во првата форумска сесија ќе се утврдат приоритетите за потребите на населението. Граѓаните се тие што ќе ја донесат конечната одлука за што и како ќе бидат потрошените парите што ги имаат на располагање. На првата сесија беше презентиран форматот за концептот на предлог проектот кој понатаму, во наредните сесии,  ќе го анализира посебна работна група.

П.Јовановска