fbpx
Вести

Нема ГМО ориз во Кочани

Нема ГМО отиз во Кочани, покажуваат суперанализите на двете мостри кои Државниот инспекторат за земјоделство ги испрати во германска лабораторија во Софија. Индов вели дека земјоделците нема да претрпат штети.

АХВ изрече казна за операторот кај кого беше пронајден сомнителниот ориз. Бидејќи тој не побарал да се направи суперанализа, парите за казната нема да му бидат вратени.

Ова не е прв случај лабораторијата во Македонија да даде различни резултати од суперанализите. Во минатото, нашата лабораторија покажа дека се продава ГМО пченка за пуканки, но суперанализите дадоа негативни резултати.

АХВ во минатиот месец до Владата достави предлог-правилник  за ГМО храна, кој доколку се усвои ќе се дозволи продажба на храна со минимални модификации.


 

sitel

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close