Агро бизнисБез категоријаВести

Нема информација за покачување на откупната цена на тутунот од денешната средба во Скопје?

Квалитетот на тутунот е добар и ќе имаме успешен откуп, објави Николовски.

Министерот за земјоделие Љупчо Николовски објави информација за денешната средба во Скопје, но нема вест дали ќе има покачување на откупните цени на тутунот.
Како и секоја година пред стартот на откупот со откупувачите на тутун разговараме за престојната реколта. Заеднички констатиравме дека и оваа година квалитетот на тутунот е добар и дека ќе имаме успешен откуп.
✅️Сите откупувачи со нивните откупни пунктови се подготвени за престојниот откуп на тутун
✅️Подготвеност кај откупувачите има за директни разговори со Сојузот на тутунари, и во наредните денови заедно преку дијалог треба да ја утврдат динамиката на откуп
✅️Дополнително се задолжува и подсекторската група за тутун да одржи состанок со цел утврдување на план за развој на секторот
Ова се заклучоците од денешниот состанок со откупувачите. Даваме шанса на разговорите со цел да имаме успешен откуп како минатата година, објави Николовски.

Поврзани новости

Back to top button