fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени.

Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен, повремено засилен ветер од североисточен правец. На планините, особено во западните делови ќе има повремени врнежи од дожд и снег, а само на повисоките планини повремен слаб снег.

Како што информираат од УХМР, минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и посвежо, претпладне со повремен дожд. Ќе дува умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 12 степени.

Од утре ќе преовладува стабилно време со магла по котлините.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close