fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Нема интерес кај тетовчани да работат земјоделие

Ариф Исмаили е еден од неколкуте земјоделци од Тетово кои останаа да се занимаваат со оваа дејност.

Ариф Исмаили е еден од неколкуте земјоделци од Тетово кои останаа да се занимаваат со оваа дејност. Иако се работи за урбан град, тој вели дека порано имало доста луѓе од Тетово кои имале ниви во селата и ги обработувале, но и добро заработувале.

Но, од година во година веќе се откажуваат и останавме само неколкумина, вели 50 годишниот Исмаили кој од дете се занимава со земјоделие.

Го затекнавме во штала лоцирана покрај патот Тетово –  Фалише. Но, објектот во кој до лани чувал бикови сега му е празен. Вели од 40 декари, сега обработува само десет декари земја, но и тие ќе ги откаже и ќе остави една нива да ја обработува колку за себе. Причините зошто се откажуваме од оваа дејност сите ги знаеме, но државата со години не презема ништо. 

Не можеш да ги продадеш производите, затоа од Тетово останавме само неколку земјоделци, нема сметка. Пестицидите се многу скапи, препаратите за прскање, носат од надвор поефтини производи, затоа никој не сака да се занимава со земјоделие. Синовите не работаат со земја. Сакаат да најдат друга работа. Имам моја нива 5 декари и под наем земам ниви. Но, малку по малку и јас се откажувам од оваа дејност. Најголем проблем е пак ќе кажам нема пласман, нафтата е скапа. Една плата минимална не можам да извадам, барем 250 евра да извадам ќе бидам задоволенЈас највеќе произведувам компир прас и домат100 евра од декар за цела година се заработува тоа е многу малку. Околу 1000 евра за цела година и како ќе живееш со тие пари. Јас до сега не се откажав бидејќи  нафтата беше 20 денари,  семето дваесет денари. Сега го продаваат семето за 120 денари, а на нашите производи им се исти цените, вели Ариф Исмали земјоделец од Тетово.
 

Од Агенцијата за поттик и развој на земјоделието подрачно одделение Тетово, дел од вината за ваквата состојба во земјоделието го гледаат и во самите земјоделци.

Според Агенцијата, земјоделците од Тетово се едни од најнеорганизираните во Македонија кои не се здружуваат и не ни размислуваат заеднички да настапат на пазарот. Си работаат самостојно во услови на пазарна економија, што на крај резултира со мал доход.

Секој пат како советодавци кога ни бараат информации за што да се определат им кажуваме да се оцени местото какво е дали има некој кој ќе го откупи произведеното, мора однапред да се испланира. Мора да се направи програма и план за прозводство. Ако се житни култури треба да се види каде ќе ги пласираат. Не може да има на големи количини засадено, а да нема однапред пласман, а тоа може многу полесно да се обезбеди ако се имаат здружено во задруга. Но, земјоделците не го сватиле здружувањето како што треба. Кога ќе им кажеш здружување тие мислат да се здружат и некој друг да има ја води работата, вели Петре Петрески раководител на Агенцијата за поттикнување и развој на земјоделието, подрачно одделение Тетово.
 
Дополнителен проблем  е и немањето на откупни центри. 

-На пример во Струмица е поорганизирано. Таму има поголеми површини и таму има големо производство и се здружуваат и таму има стационирано откупни центри , а кај нас е раситнато земјоделиетоИ затоа тетовските земјоделци немаат рентабилно производство и се снаоѓаат како знаат и умеат, додава Петрески. 

Поради многубројните проблеми во оваа дејност, голем дел од земјоделската површина во Тетовско веќе започнува да се пренаманува во градежни зони.

Зоран Димовски за Зелена берза

 

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close