fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Нема кој да ги пасе кравите

Никој не се јавува на оглас за работа со крави, иако се нуди сместување во посебна куќичка, три оброка, а газдата е подготвен и да плати 500 евра месечно

Дејан Донев има 30 крави во светиниколското село Ерџелија и дневно производство од 400 литри млеко. Тој вели дека од сточарството може да се живее, но дека тешко наоѓа вистински работник за работа.

Донев се обиде да најде вработен и преку Фејсбук, на страницата земјоделие.мк каде што земјоделците ги споделуваат своите маки, радости, но и каде што се едуцираат, или бараат работници. Пред неколку денови, тој напиша: „Кој е за работа со крави нека се јави на 072 320 255, кој не е нека прерипа оглас… Сместување и храна обезбедени, плата по договор“. „Слободен печат“ заврти на бројот за да праша дали Донев нашол работник, но одговорот беше негативен https://www.slobodenpecat.mk/

– Постојано ми треба еден човек за работа. Повремено ќе дојде некој да работи, но несериозно ја сфаќа работата. Не сака да работи, чека јас сè да сработам – вели Донев.

Иако во огласот не е наведена платата, тој ни откри дека е подготвен да го плати работникот 500 евра месечно.

– Во мојот двор има посебен објект каде што би бил сместен работникот, му обезбедувам и храна 3 пати дневно. Навистина има добри услови за живеење и за работа – вели нашиот соговорник.

Донев е само еден од многуте земјоделци кои преку оглас бараат вработени. Пролетва се бараа луѓе за садење домати, пиперки, а и производителите на тутун редовно имаат проблем со работници. Но и Ристо Велков, претседател на Агросојуз од Струмица, изјавува дека покрај тоа што е проблем да се најдат работници, проблем е тие и да знаат да работат.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close