Нема криза за партиите, си поделија 3,4 милиони евра
Годинава со највисока сума е ВМРО-ДПМНЕ со добиени 730.000 евра, додека на СДСМ му се исплатени 680.000 евра. Сумите се нешто поголеми во однос на лани, кога парите беа исплатени во јули, поради зголемениот буџет на државата, пренесува Фактор.
Ниту кризната година по многу основи не ја спречи поделбата на буџетската поддршка за политичките партии оваа година. На крајот на изминатата недела од Министерството за правда им биле исплатени 208 милиони денари, или 3,4 милиони евра.
Годинава со највисока сума е ВМРО-ДПМНЕ со добиени 44.896.821 денари, или 730.000 евра, додека на СДСМ му се исплатени 41.651.357 денари, што е 680.000 евра. Сумите се нешто поголеми во однос на лани, кога парите беа исплатени во јули, поради зголемениот буџет на државата, пренесува Фактор.
ДУИ е трет со околу 350.000 евра, пред Алијанса на Албанците со 150.000 евра. Интересно е тоа што годинава Левица се искачи на петтото место со 7,5 милиони денари, додека лани сумата која ја доби беше 4.288.877 денари. Беса има пад од 10,9 милиони на 6,35 милиони денари. На сметката на Алтернатива, која обезбеди владеачко мнозинство во Собранието со напуштање на коалицијата со Алијанса на Албанците, легнале 5,22 милиони денари, што е голема разлика во однос на лани кога партијата доби само 708.000 денари.
Пари добија и четирите аналитичко-истражувачки центри на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и Беса во рамки на оваа исплата со вкупна сума од околу 320.000 евра поделена на речиси еднакви делови.
Во 2019 политичките партии без дебата, откако се постигна политички договор помеѓу водечките партии во земјава со 101 глас „ЗА“, го сменија Законот за финансирање на политичките партии и од буџетот на годишно ниво добиваат 0,15 проценти од вкупните приходи во државната каса.
30 отсо од парите се распоредуваат подеднакво на сите политички партии кои освоиле најмалку 1% од вкупниот број од гласовите на избирачите кои гласале на последните парламентарни или локални избори. А, 70 проценти од парите се доделуваат на партиите според бројот на освоените мандати во Собранието или пак советнички места во општините.
Постојниот модел за финансирање на политичките партии беше договорен во 2018 за финансирање на изборните кампањи, а дополнително од буџетот се издвојуваат и пари за годишно финансирање на партиско-истражувачки аналитички центри кои во моментов ги имаат СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и БЕСА.https://faktor.mk/nema-kriza-za-partiite-si-podelija-34-milioni-evra