fbpx
Вести

НЕМА НАСЛЕДНИЦИ НА МАЈСТОРИТЕ НА ТРАДИЦИОНАЛЕН ГАЛИЧКИ КАШКАВАЛ

galicnik

Сезоната на правење традиционален галички кашкавал е од 1 јуни до 15 август. Овој уникатен производ и вид македонски бренд, е познат и многу баран, особено меѓу љубителите на сирења.

Сите мајстори во Македонија за правење традиционален галички кашкавал се од село Кркља, Кривопаланечко. Така е најмалку 100 години. Но, дали има кој да ги замени со оглед дека и оние најмладите, кои моментно се ангажирани на мандрата во Галичник, се многу малку на број, четворица до максимум пет.

– Во Македонија мајстори има, но претежно се постари, веќе пензионери. Единствено ние што сме тука, четворица – петмина, ќе го наследиме занаетот. Слаб е интересот кај помладите за оваа работа, вели Зоран Ѓеорѓиевски, заменик на главниот мајстор во мандрата.

Кашкавалот во мандрата во Галичник се прави од 1 јуни до 10 – 12 октомври. Потоа, мајсторите си одат дома. Продолжуваат со работа во Градско, од 15 март до 1 јуни.


 

локално.мк

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close