fbpx
ВестиМакедонија

Нема помош за плати за фирмите кои имале добивки пред кризата: Законот стигна во Собрание

Фирмите кои исплатуваат високи плати немаат право на апликација.

Владата ги објави мерките од петтиот пакет со кој очекува да ја забрза економската активност и да продолжи заздравувањето на домашната економија. Дел од пакетот е и поддршката за исплата на плати која стопанството ја очекуваше, а законското решение веќе е готово. Сега треба да го помине собранискиот филтер, иако работата на Парламентот веќе некое време е закочена. Владата планира со 30 милиони евра да поддржи исплата на плати на фирмите кои се погодени од пандемијата за месеците февруари и март. Висината на помошта зависи од тоа колку се намалени приходите на фирмата. Предлог законот кој веќе е во собраниските служби ги содржи сите детали.

За користење на финансиската поддршка, работодавачот кој ја бара финансиската поддршка треба да има пад на приходите од работењето од најмалку 30 отсто во месеците ноември, декември 2020 година и јануари 2021 година во однос на месечниот просек на вкупните приходи од редовното работење остварени во периодот ноември, декември 2019 година и јануари 2020 година. Но услов за исплата на помошта е и истиот работодавач да не исплатува дивиденда на сопствениците, како и да нема извршено исплата по основ на награда за деловна успешност или друг вид на годишна награда  на вработените и органите на управување. За да се аплицира за помошта услов е и бројот на вработени, па во месецот за кој се бара финансиска поддршка треба да има ист или поголем бројот на вработени.

Фирмите кои исплатуваат високи плати немаат право на апликација. Во законот стои дека работодавачот-барател на финансиска поддршка кој на повеќе од 10 проценти од вкупниот број вработени им исплатува поединечна нето плата повисока од 120.000 денари за месецот за кој се бара финансиска поддршка не ги исполнува условите за помош. Право на помош нема ни работникот кој за месец октомври, ноември и декември 2020 година и јануари 2021 година, остварил нето плата повисока од 39.900 денари за секој месец одделно.

Предлагачите на законот се децидни дека ако некое друштво има добивка во годините пред кризата не може да добие помош.https://faktor.mk/nema-pomosh-za-plati-za-firmite-koi-imale-dobivki-pred-krizata-zakonot-stigna-vo-sobranie

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close