вестиТоп вести

Оваа зима препорачуваме: Битолско свежо млеко отсега збогатено со Д3 витамин

 

Добро познатото Битолското свежо млеко отсега е дополнително збогатено со витамин Д3.Покрај тоа штое природен извор на калциум, лесно е за консумација бидејќи не е потребно да се вари и се консумира свежо. Со ваквиот состав ова млеко, совршено е за сите консументи особено во зимските месеци кога сончевите денови ни се ограничени.Посебно е препорачливо за повозрасната популација и нивната зголемена потреба од грижа за коските и забите.

 

“Битолска млекара посветено продолжува со создавање висококвалитетни производи и подобрување на сопственото производно портфолио. Како најголем производител на млеко и млечни производи во Македонија, со секој новитет ја исполнуваме нашата обврска и на потрошувачите им нудиме производ што е конкретен одговор на вистинските хранливи потреби и производ којшто нуди здравствени придобивки. Така, Битолското свежо млеко со Д3 витамин, како производ со веќе изразени нутритивни вредности, сега има збогатен состав и дополнителна вредност”, изјави Полексена Јанкуловска, маркетинг менаџер во Бимилк.

 

Витаминот Д придонесува за подобра апсорбција на калциумот од млекото и подобро сврзување во организмот, а со таквиот состав се подобрува улогата и функцијата што млекото ја има во одржувањето здрав и силен имунитет. Во исто времегиразвива и зачувува природните функции на коските и мускулите, а значаен е и за одржување здрави заби. Токму заради широкиот опсег придобивки, здравствените лица препорачуваат дополнително внесувањена витаминот Д3 кога природното е ограничено.

 

“Витаминот Д има огромна, значајна улога во телото, а посебно е потребно дополнително внесување во зимските месеци и периоди кога се ограничени сончевите денови, а со тоа и природното снабдување. Потребата од овој витамин за структурата и јачината на коските е толку силна што не се менува во зависност од возраста или годините. Со помош на витаминот Д во млекото, калциумот успева подобро да се апсорбира и сврзе во нашиот организам, а со тоа и да ја зајакне цврстината на коските, што е исклучително важно кај постарата популација при превенција од повреди и остеопороза. Од огромна важност е и кај децата, за правилен раст и развој и за одржување здрав имун систем“, изјави доцент д-р Виктор Камнар, Специјалист ортопедски хирург.

Битолско свежо млеко со Д3 е произведено од најквалитетно домашно млеко и според највисоки производни стандарди, со што претставува премиум производ за здрав живот и правилна исхрана.

 

 

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close