fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Нема проблем со производството на маслото за јадење, велат од „Витаминка“

Изминатите четири години успеавме брендот „Брилијант“ да го вратиме на пазарот и моментно со околу 40 насто го задоволуваме домашниот пазар со масло за јадење велат од „Витаминка“.

За наредните месеци нема проблем со обезбедување на суровините за масло за јадење, а прилепската прехранбена индустрија „Витаминка“ успешно го снабдува, со 40 насто, домашниот пазар, рече генералниот директор Сашо Наумоски пред премиерот Димитар Ковачевски и министерот за економија Крешник Бектеши кои вчера  ја посетија компанијата.

Според Наумоски, нема проблеми со производството на масло за јадење.

– Изминатите четири години успеавме брендот „Брилијант“ да го вратиме на пазарот и моментно со околу 40 насто го задоволуваме домашниот пазар со масло за јадење. Имаме залихи за непречено работење во наредните три месеци и имаме договори со нашите добавувачи од околните земји за редовно да се снабдуваме со сурово масло за јадење, изјави Наумоски.

Премиерот Димитар Ковачевски нагласи дека е голема поддршката на Владата на домашните компании и ги поттикнува на инвестирање.

– „Витаминка“ е една од најголемите компании од прехранбената индустрија која со своето производство, освен што го снабдува македонскиот пазар со основни прехранбени производи, 47 проценти од своето производство го извезува во 30-тина држави во светот.  Со фабриката за производство на масло за јадење „Брилијант“ во Штип покрива дури 40 проценти од домашниот пазар. Условот на оваа компанија од прехранбената индустрија, која има над 700 вработени, се должи на инвестициите во човечки ресурси, модернизација на производството и на опремата. Токму затоа, и во услови на криза, Владата ги поддржува компаниите кои се охрабрени да инвестираат и да придонесуваат за развојот на економијата, рече Ковачевски.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close