Прекинати преговорите меѓу владата и пазарџиите

Пропаднаа преговорите меѓу пазарџиите и власта иако од Владата тврдат дека двете страни се на иста линија. Претставникот на пазарџиите, Маја Стојановска демонстративно го напуштила состанокот. Вели дека нема преговори се додека целосно не се повлече Законот.

Ова доаѓа откако Владата вчера го одби предлогот на опозицијата за поништување на Законот. Оттаму велат дека веќе се работи на подобрување на постојното законско решение

Тезгаџиите се подготвуваат за генерален штрајк, но се уште немаат донесено официјална одлука за тоа. Се жалат и дека власта им се заканувала со засилени инспекциски акции. Законот за пазари е ставен во мирување и ќе стапи во сила од идната година. Дотогаш, власта уверува дека ќе изнајде подобри решенија за сите засегнати страни.

извор:сител

Share Button