fbpx
Вести

Нема проблем со увозот на брашното, договореното се спроведува

brasno

Проблем со брашното нема, се спроведува договореното и се бара трајно решение- изјави вчера ресорниот министер Николовски. Според земјоделците, проблемот го создаваат фирми коишто го заобиколуваат Законот…

Нема проблем со увозот на брашното од Србија. Договорено во Скопје со министерот Љајиќ се спроведува, тврди министерот за земјоделство Николовски. Мешовитиот комитет заседаваше во Белград, ќе продолжи со седница во Скопје.

Засега останува одлуката маркичките за брашното од еден, три и пет килограми да се лепат во Србија, а за 25 и 50 килограми во Македонија. Не се исклучува и опција, маркичките трајно да се укинат ако има согласнот од двете страни, вели ресорниот министер. Според Николовски, не се штитат ничии интереси, најмалку на поединци.

Проблем со брашното нема. Го прават неколку фирми кои сакаат да го заобиколат законот и повеќе да заработат- сметаат земјоделците. Царинската управа или институциите надлежни за анализа на квалитетот на брашното, треба да кажат кои се тие фирми, вели претседателот на Асоцијацијата на земјоделци, Шаклев.

Српскиот министер за трговија, Расим Љајиќ повторно се закани со контра мерки, ако ситуацијата не се реши до 14-ти април.


 

мрт

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close