![облачно](https://zelenaberza.com.mk/wp-content/uploads/2023/04/341568138_696916432437462_6665668100443980829_n.jpg)
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести
Променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд
Локално врнежите ќе имаат пороен карактер, ќе бидат проследени со грмежи и засилување на ветерот, а ќе има услови за појава на краткотрајно невреме. Дневната температура ќе се намали. Во петок и сабота ќе биде посончево и потопло
Под влијание на циклонска активност денес и во четврток времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе имаат пороен карактер, ќе бидат проследени со грмежи и засилување на ветерот, а ќе има услови за појава на краткотрајно невреме. Дневната температура ќе се намали. Во петок и сабота ќе биде посончево и потопло, во попладневните часови со изолирана појава на пороен дожд и грмежи, а во недела нестабилно ќе биде на повеќе места.