fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Немам време да се занимавам со тоа дали некој ми прави опструкции, вели Хоџа

КОЈ МУ ПРАВИ ОПСТРУКЦИИ НА МИНИСТЕРОТ ХОЏА ???

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа вели дека има потполна поддршка за својата работа од премиерот Зоран Заев.  

На новинарско прашање дали има некакви опструкции од одредени членови на Владата, Хоџа денеска напомена дека нема време да се занимава со тоа. 

-Јас сум посветен на работата и немам време да се занимавам со тоа дали имам опструкции. Тоа што сум го наумил како министер и мојата екипа сме блиску до земјоделците и ќе ги решаваме проблемите. Секако, ако има такви ситуации тие ќе испливаат на виделина и ќе се знае кој и како може да направи такви опструкции. Досега имам потполна поддршка од премиерот кој е директно вклучен во проблематиката и цело време е запознаен и сака да помогне за заеднички да изнаоѓаме решенија, рече Хоџа по работилницата за климатските промени и осигурувањето во земјоделството.  https://nezavisen.mk/nemam-vreme-da-se-zanimavam-so-toa-dali-nekoj-mi-pravi-opstrukcii-veli-hodzha/

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close