fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

„Макпетрол“ од утре ќе исплаќа дивиденда

3.300 денари бруто, по акција

„Макпетрол“ утре почнува со исплата на дивидендата од добивката остварена минатата година, информираат од компанијата преку Македонска берза.

„Согласно Одлуката за плаќање на дивиденда по Годишната сметка на Друштвото за 2022 година бр. 0201-26/2-3, донесена на 27-мата седница на Собранието на Акционери на Макпетрол АД Скопје, одржана на 30.5.2023 година, објавува дека на ден 30.08.2023 година, започнува со исплата на дивиденда во бруто износ од 333.775.200 денари, односно 3.300 денари бруто, по акција“, наведено е во ценовно чувствителната информација.Друштвото кое постои повеќе од седум децении функционира со речиси 1.900 вработени, а има издадено 112.382 обични акции. Најголемиот дистрибутер на горива ја заврши минатата година со добивка од 20,9 милиони евра.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close