Неочекуваниот студ ќе ја намали количината, но не и квалитетот на овошките

drvo

Ниските температури деновиве веќе имаат нанесено штета врз овошките. Поради мраз уште во цутот во ризик е количината, но не и квалитетот, ниту вкусот на плодовите. Вакво објаснување дава професорот по овоштарство Марјан Кипријановски.

Според него овошките во моментов се во почеток на вегетација и зависно од типот, нивниот развој и траењето на ниските температури, ќе зависи и степенот на нивното оштетување.

Од друга страна пак, од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, уверуваат дека постојано ја следат временската прогноза, за да можат навреме да интервенираат :  Паралелно во соработка со Управата за хидрометеоролошка работа се следи временската прогноза, со цел земјоделците да бидат известени на време и да се подготват за преземање на превентивни мерки. Според прогнозите на УХМР, снежниот бран ги затекна пупките во фаза на полно цутење, каде што можат да се соочат со ниски температури до 2-3  степени под нулата.  Поради температурите кои владеат овие денови пупките се на граница на издржливост, не се очекуваат сериозни оштетувања на плодовите, туку само намалување на количината.

Најзагрозени според професорот Кипријановски се кајсиите, бидејќи сега процветуваат, и во оваа фаза штотуку зачнатиот плод може да издржи само од  -1 до -1.5 степен на скалата Целзиусова.  Во Велешко, како шпто вели, веќе има замрзнати кајсии, што веројатно ќе резултира со недостиг на зрели прлодови во летните месеци. За разлика од минатата година кога кајсиите како ретко кога имаа богат род и ниски цени.


 

тв21тв