ВестиТоп вести

Нова програма за рурален развој од над 33 милиони евра

Убава вест и за земјоделците. Владата планира да изработи нова програма за рурален развој и поддршка на земјоделството за 2016 година во износ од 2,46 милијарди денари или околу 33 милиони евра, најави премиерот Груевски. Како што рече, програмата денеска ќе се разгледува на комисија, а деновиве ќе биде и на седница на Влада.

 

„ Ќе биде користена главно за поддршка на земјоделските стопанства за набавка на механизација и опрема, и сé што им е неопходно, како и за општините во руралните средини за изградба на различни инфраструктурни проекти што би им помогнале на земјоделците, локални патиштата, водоводи…“, рече Груевски.

nova programa za ruralen razvoj od nad 33 milioni evra

 

Откако програмата за рурален развој и поддршка на земјоделството ќе биде усвоена, додаде Груевски, од страна на Владата ќе започне објавувањето на огласите за конкурирање на програмата.

„Програмата е правена согласно потребите на земјоделците во соработка и директна комуникација со земјоделските здруженија и во неа ќе влезат проекти кои се веќе започнати или се во тек или сега ќе започнат. Ќе биде исклучително важна за развојот на руралните средини во Македонија, чиишто општини немаат високи буџети и имаат потреба од дополнителна поддршка од Буџетот на Република Македонија“, рече премиерот.

282064-elektronsko-baranje-za-finansiska-poddrshka-vo-zemjodelstvoto

Груевски истакна дека Владата редовно ги поддржува земјоделците, но и селата и руралните средини и нагласи дека полза од поддршката ќе имаат и оние лица кои живеат во руралните средини, а не се земјоделци. „Ваквата силна поддршка како Влада ќе ја продолжиме и годинава, а и во наредните години“, порача.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close