Неофицијално според сточари-Субвенциите за сточарите во првата половина на август
Пробиени се сите рокови за исплата на субвенциите за грло добиток на сточарите, се жалат фармери
Пробиени се сите рокови за исплата на субвенциите за грло добиток на сточарите, се жалат сточари за Зелан берза. Според нив, неофицијално имаат информации дека субвенциите ќе бидат исплатени во првата половина на месец аавгуст. Сточарите за Зелена берза велат дека има голем револт кај нив, бидејќи субвенциите ги очекуваа уште во февруари. До 2021 година субвенциите за сточарите беа исплаќани до февруари. Лани и оваа години тој рок е надминат.
Во исто време сточарите, одгледувачи на овци, велат дека бројот на јагниња во државата драстично опаѓа, па сметаат дека тоа се должи само поради доцнење на субвенциите. Минатата година според овчарите, имаше само околу 90 илјади јагниња за приплод, драстично помалку од просекот во претходните години кој изнесуваше околу 170 илјади јагниња. А.Б