Неповратни 10.000 евра за земјоделците со добар бизнис план
Особен фокус ќе има на сточарството и субвенциите за високомлечни крави ќе бидат зголемени за 30 проценти, а за овците 100 проценти.
Во 2023 година, земјоделците со своите бизнис планови, ќе може да аплицираат за грант од 10.000 евра, најави министерот за земјоделство на прес конеференција, за презентација на Буџетот за наредната година.
– За бизнис план во земјоделството е предвиден грант до 600.000 денари. Јавниот повик ќе трае цела година. Земјоделците не мора да брзаат и кога ќе бидат подготвени може да се јават на повикот – рече министерот.
Тој уште еднаш потсети дека од наредната година има нов модел на субвенционирање во земјоделството и дека ќе има авансна исплата за што се обезбедени 7 милијарди денари во Буџетот за 2023 година.
– Храна ќе има доволно – дециден е министерот за земјоделството.
Тој рече дека особен фокус ќе има на сточарството и субвенциите за високомлечни крави ќе бидат зголемени за 30 проценти, а за овците 100 проценти.