fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Непречено се спроведува жетвата во Кумановско

Временските услови се добри и жетвата во Куманово, Липково и Старо Нагоричане се одвива според планираното

Непречено се спроведува жетвата во поширокиот кумановски регион, информираа денеска надлежните од подрачната единица на Министерството за земјоделство, водостопанство и шумарство. Временските услови се добри и жетвата во Куманово, Липково и Старо Нагоричане се одвива според планираното, иако претходно жетвата на пченицата и јачменот во одредени делови од трите општини кусо беше прекината поради обилните врнежи кои го зафатија регионот.

– Во кумановскиот регион жетвена површина во хектари за земјоделски претпријатија и индивидуални земјоделски производители изнесува 11.354 за пченица и 7.450 хектари јачмен. Остварениот просечен принос во кгр/ха за земјоделски претпријатија за јачмен е 4.100 и за индивидуални земјоделски производители е 3.800, додека за пченицата за земјоделски претпријатија е 5.100 и кај индивидуални земјоделски производители е 4.600, изјави раководителот на подрачната единица на МЗШВ, Насер Даути.

Стручните лица оценија дека овогодишните приноси се повисоки од претходната година, што се должи на поволните временски услови во пролетните месеци, кога имаше оптимални врнежи кои го зголемија приносот.https://www.vecer.press/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close