fbpx
Агро бизнисВестиТоп вести

Неселективна исплата на субвенциите за тутун, бара „Тутунска надеж“

Тутунарите нестрпливо го чекаат почетокот на исплатата на субвенциите

Неселективна исплата на субвенциите за тутун, бара новоформираното здружение „Тутунска надеж“, откако пратеникот Миле Талески пред 5 дена најави дека оваа недела, по празникот, ќе се започне со исплата на субвенциите за тутунопроизводителите.

Од Тутунска надеж бараат исплата на субвенциите за сите тутунари во следните четири дена, во спротивно, следната недела тутунарите ќе го блокираат регионалниот пат Градско-Прилеп-Битола, на влезот во Прилеп од страната на Плетвар.

ТУТУНСКА НАДЕЖ
БАРА ИСПЛАТА НА СУБВЕНЦИИ ЗА СИТЕ ТУТУНАРИ ВО СЛЕДНИТЕ ЧЕТИРИ ДЕНА, КАКО ШТО, ВЕЌЕ ДВЕ НЕДЕЛИ,СЕ НАЈАВУВА..
ВО СПРОТИВНО, ВО ПОНЕДЕЛНИК ЌЕ ГО БЛОКИРАМЕ РEГИОНАЛНИОТ ПАТ ГРАДСКО – ПРИЛЕП – БИТОЛА, НА ВЛЕЗОТ ВО ПРИЛЕП ОД СТРАНАТА НА ПЛЕТВАР.. БЛОКАДАТА ЌЕ БИДЕ ЦЕЛОДНЕВНА, ОД 8 ЧАСОТ УТРОТО ПА СЕ ДО 18 ЧАСОТ ВЕЧЕРТА..
ОДОБРИЛ НЕКОЈ ИЛИ НЕ – СЕЕДНО..
Пратеникот Миле Талески на 20 мај најви дека -Она што е важно да знаат тутунопроизводителите, е тоа дека Платежната Агенција веќе ги има преземено сите мерки и оваа недела  ќе започне исплатата на субвенциите.
https://youtu.be/KumB_hWosQk
https://zelenaberza.com.mk/sdsm-zapochnuva-isplata-na-subvenczii-za-tutun/
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close