Несогорлив тутун ќе се продава и во Македонија

(Oвој напис е објавен на: July 31, 2018)

Производите од несогорлив тутун како поим се регулираат во новиот предлог Закон за тутун и тутунски производи, така што ќе им биде достапен и на македонските граѓани, кои веќе го користат, ама го набавуваат од соседните земји, од Бугарија, Србија или Грција, каде продажбата веќе беше регулирана.

Според акцизите во соседството, овој производ е најевтин во Србија, односно чини помалку од две евра, додека овој тип „цигари“ се поскапи во Грција, но не е мал бројот на пушачи од земјава кои ги купуваат и оттаму.

Со новиот закон сега овој производ ќе може да се увезе и да се продава и кај нас.


 

фактор

Share Button