Невремето и високите температури предизвикаа појава на болести кај земјоделското производство
Агрономот Игор Ивановски, предупредува дека е пторебна навремена заштита оти голем дел на засеаното е изложено на разновидни болести кое ќе предизвика намалување на приносите.
Високите температури и поројните дождови значително ќе ги намалат приносите и квалитетот на црвените пиперки на отворено во струмичкиот регион. Изразените климатски промени го земаат својот данок велат земјоделците кои почнаа да се соочуваат со болести на растенијата на отворено кои немаат контролирани услвои на одгледување, пренесе 24 вести.
Последниве денови изразена е појава инсектициди кај засеаните површини на отворено. Агрономот Игор Ивановски, предупредува дека е пторебна навремена заштита оти голем дел на засеаното е изложено на разновидни болести кое ќе предизвика намалување на приносите.
Помали ќе бидат штетите кај пластениците иако лошите временски услови предизвикуваат болеси и кај овој тип на производство.Од таа причина речлиси сите агроексперти и и граѓански здруженија апелираат на примена на мерки за ублажување на последиците од климатските промени.https://24.mk/details/nevremeto-i-visokite-temperaturi-predizvikaa-pojava-na-bolesti-kaj-zemjodelskoto-proizvodstvo