Овоштарство: Најголеми субвенции за јагодите во оранжерии

(Oвој напис е објавен на: March 4, 2017)

ovoshtarstvo najgolemi subvencii za jagodite vo oranzherii

И годинава овоштарите, субвенциите од државата ќе може да ги добијат по 2 основи. Пари ќе има за одржување на насадите и за предаденото овошје во домашните преработувачки капацитети.

Корисници на субвенциите во овоштарството ќе може да бидат земјоделските стопанства кои имаат насадени површини од минимум 0,2 хектари.

Висината на директните плаќања е најголема и изнесува 90.000 денари по хектар за јагоди одгледувани во саксии во контролирани услови, односно во оранжерии, а по 33.000 денари следуваат за другите видови овошје, како и за бадемите и за лешниците.

Земјоделците за оревите и костените кои претходно како нови насади  биле финансирани од програмата за рурален развој, годинава за одржување ќе може да добијат субвенција од 15.000 денари по хектар.

За предаденото овошје во преработувачките капацитети директно или преку регистриран откупувач во период од 26 декември 2016 година до 25 декември 2017 година дополнително се добиваат по 2 денари за килограм.

Share Button