fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Никако да почне исплатата на одгледувачите на свињи за депопулацијата

По спроведување на сите проверки, ќе почне исплатата, велат од АХВ

По појавата на африканска чума кај свињите во делчевско на почетокот од годината, а во август и септември и во неколку фарми во Источниот Регион и по извршената депопулација со која беа уништени околу 3.800 свињи, сточарите сè уште го чекаат обештетувањето.

Немаме информација кога можеме повторно да ги отвориме нашите мали фарми и кога и како ќе не обештетат, револтирано додаваат одгледувачите на свињи од Штипско-карбинскиот регион, Зрновци и Чешиново-Облешево кои сè уште чекат пари од државата за да ги покријат загубите од оваа чума.

ТВ 24 ја контактираше и Агенцијата за храна и ветеринарство и прашавме кога ќе бидат обештетени фармерите, и кога повторно ќе може да ги отворат своите мали фарми.

– АХВ врши административна и теренска проверка на поднесените барања за обесштетување на одгледувачите, чии свињи согласно донесените решенија за контролни и заштитни мерки во однос на болеста африканска чума кај свињите беа депопулирани. Во моментот се спроведува обработка на предметите за надомест. По спроведување на сите проверки, ќе почне исплатата. Активни случаи кај питомата популација свињи, по последниот случај во кумановско, на целата територија на држава засега нема. Репопулацијата на одгледувалиштата на свињи ќе започне кога ќе бидат спроведени сите наложени мерки од страна на АХВ, но и во зависност од епидемиолошката состојба и анализа на податоците од епидемиолошките истраги, додаваат од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Инаку, според последната статистика на АХВ со мерката депопулација, од почетокот на годината досега се опфатени вкупно 4.443 свињи, при што еутаназирани се вкупно 3.863 свињи од заштитните зони, додека на колење се испратени од зоните под надзор вкупно 580 свињи.https://24.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close